Заменете ги индустриските шампони и другите скапи производи за коса со овој природен шампон кој се прави дома.
Доколку имате проблеми со опаѓање на косата, најдобро е спасот да го најдете во природата, така што од само неколку состојки ќе направите ефикасен шампон.
Состојки:
3 китки листови од коприва
2 лажички кокосово масло
2 лажички куркума во прав
1 чаша јаболков оцет
1 лажичка сода бикарбона
Подготовка:
За да го направите овој шампон, потопете ги листовите од коприва во врела вода, а потоа оставете да се изладат, па процедете ги. Сите останати состојки додадете ги во водата од коприва и убаво измешајте додека не добиете пенеста смеса. Нанесете на косата, масирајте во скалпот, а потоа оставете да делува 5 минути, па исплакнете темелно.
Зошто е добар овој шампон?
Одамна е познато дека копривата го спречува опаѓањето на косата, ја зајакнува косата, ја регулира маснотијата и и дава сјај на косата, додека ладно цеденото кокосово масло ја хидрира и ја поправа оштетената коса, а куркумата обезбедува есенцијални витамини кои и се потребни за раст.