Ким Кардашијан го спаси женскиот фудбалски тим од Авганистан

popara20 ноември, 20211min00
kim-kardasijan-1-830x0

Старлетата го финансирала авионот кој ги однел спортистките и нивните семејства во Лондон

Непрофитното американско здружение Цедек во соработка со британскиот фудбалски клуб и ријалити ѕвезда Ким Кардашијан (41) им помогна на членовите на женската авганистанска фудбалска репрезентација да отпатуваат во Велика Британија, пренесува АП.

Моше Маргаретен, основачот на здружението, претходно соработувал со Ким, во врска со реформите на кривичното праводусие во САД.

Овој пат Ким со својот бренд SKIMS го финансираше летот со кој членовите на фудбалската екипа и нивните семејства ги донесоа во Лондон.

– По само еден час од нашиот повик од Зум, добив СМС во која пишуваше дека Ким сака да го финансира тој лет – открила Маргаретен.

Авионот превезал повеќе од 30 тинејџери и нивните семејства, па вкупниот број на луѓе кои пристигнале со тој лет изнесува околу 130.

Патниците од Авганистан ќе поминат 10 дена во карантин поради актуелната пандемија на корона вирусот, пред да започнат нов живот во Велика Британија. Помош им понуди и англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед.

Откако Кабул падна во рацете на Талибанците, Британија и другите земји итно евакуираа илјадници Авганистанци. Плашејќи се за безбедноста, стотици спортистки ја напуштија земјата.

– Многу од овие семејства ги напуштија своите домови кога Талибанците ја презедоа власта. Нивните куќи беа изгорени. Некои од членовите на нивните семејства биле убиени или одведени од талибанците. Значи, опасноста и нивото на стрес беа многу високи и затоа им беше многу важно да го напуштат Авганистан – изјави Халида Попал, поранешниот капитен на авганистанската женска репрезентација која ја предводеше евакуацијата на спортистките.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma