Актерката Анџелина Џоли се одлучи за едноставност.
Анџелина Џоли на премиерата во Лос Анџелес се појави во придружба на двете деца Пакс (17) и Шајло (15). Во последно време актерката често е придружувана од своите деца на свечените настани.
Она што го привлече вниманието на модните критичари е нејзиниот избор на стајлинг. Анџелина е позната како некој што сака едноставна облека и основни бои. Таа успеа да направи тоалета за црвениот тепих со само неколку класични елементи од плакарот.
Таа носеше црна тесна ролка во комбинација со црно молив миди здолниште со едноставен пар салонки.
Таа потврди дека малку е навистина многу и дека изгледа убаво и елегантно и без помпезни детали.
Нејзиниот стајлинг може да се носи во комбинација од различни бои. А идејата за комбинирање на молив здолниште и ролка е одлична за овој период од годината.