Властите во регионот Кол во американската држава Мизури понудиле полн пансион во окружниот затвор во Џеферсон Сити по цена од 30 долари, пренесуваат медиумите.
Властите на овој регион дошле на оваа идеја бидејќи сакале да ги испитаат условите во затворот пред во него да бидат сместени затвореници.
Се пријавиле дури 170 луѓе, меѓу кои биле и адвокати, новинари, но и еден брачен пар кој во него одлучил да ја прослави првата годишнина. „Тие овде можеада искусат како е да се биде позади решетки, а да поради тоа не добијат казнено досие. Сепак, сфатиле дека тоа е искуство кое не би сакале да го повторат“, изјавува окружниот шериф Грег Вајт.
Гостите имале полн затворски третман, морале да ги предадат своите лични предмети, да дадат отисоци од прстите и да се фотографираат.
Боб Вотсон, новинар од магазинот „Трибјун“ напишал дека најголем проблем во затворот е неможноста за избор. „Креветот е челичен со тенок душек, а во ќелијата затворениците над глевите цела ноќ им трепери сијалица од 40 вати“, се пожалил тој. На крајот на престојот гостите за спомен добиле секој своја затворска фотографија и мајца.