Ренот е вашиот голем сојузник во борбата против болестите
Кога имате респираторни проблеми, вашиот најдобар пријател е ренот.
Коренот од рен, кој е малку луткаст, содржи важна состојка – сингрин, но и кумарини, феноли, есенцијално масло, аспарагин, пероксидаза, смола, скроб и сахариди.
Поради сите овие состојки, ренот е идеален за здравјето, особено кога станува збор за респираторните проблеми.
Рен може да се купи на пазарот во текот на целата година, а во зависност од проблемот што го имате, консумирајте го на следниве начини:
Чистење на белите дробови
Доколку сакате да ги исчистите белите дробови, без разлика дали сте пушач или непушач, подгответе чај од рен.
Десет грама рендан корен од рен прелијте со два децилитри врела вода. Покријте со чај и оставете да отстои неколку минути.
Вака подготвениот напиток треба да се пие два до три пати на ден во мали чаши.
Астма
Доколку имате астма, пожелно е да сварите шолја јаболков оцет и четири лажици изрендан рен, за да ги ублажите симптомите.
Кога ренот ќе омекне при готвењето во оцет, треба да се исцеди, а во добиената количина на да се додаде иста количина мед. Добиената смеса варете ја лесно додека не се згусне, а потоа оставете ја кашата да се излади.
Оваа мешавина од рен се зема по малку наутро и навечер.
Кашлица, затнат нос и отежнато дишење
Ако имате кашлица, или имате потешкотии со дишењето, направете мешавина од една лажичка свежо изрендан рен измешан со една кафена лажичка мед.
Земајте ја оваа смеса секое утро на празен стомак, во нарениот месец.