Моника Белучи објави фотографија од својата наследничка, а луѓето се заслепени од убавицата: „Таа е ангел“

popara23 ноември, 20211min00
deva-kasel-deva-cassel-cerka-monika-beluci-830x0

Познатата актерка има две ќерки, а постарата Дева веќе ги краси насловните страници на списанијата

Моника Белучи (57) на Инстаграм објави фотографија од својата ќерка Дева Касел (17) која таа и нејзиниот поранешен партнер, актерот Винсент Касел (55) долго време ја криеја од јавноста.

Убавата Дева порасна далеку од очите на јавноста, но сега нејзиниот лик е веќе добро познат ширум светот.

Наследничката на Моника манекенската кариера ја започна на 16 години и веќе е јасно дека ќе биде исклучително успешна во тоа, бидејќи покрај тоа што го наследила изгледот од убавата мајка, стана исто како и нејзината мајка заштитно лице на луксузниот моден бренд „Долче и Габана“.

Гордата мајка Моника сега на Инстаграм се пофали со новиот манекенски успех на нејзината ќерка, кој заврши на насловната страница на шпанското издание на познатиот моден магазин Glamour.

Актерката сподели една фотографија од едиторијалот на која Дева позира со мачка, а многумина ја коментираа оваа објава велејќи дека сличноста меѓу нив е неверојатна.

„Таа е ангел“, „Исти сте“, „Ме заслепува убавината и не сум единствена“, „Каква убавина, можам да замислам во каква жена ќе израсне“, „Нереална убавина “, се дел од реакциите.

Покрај Дева, Моника и Винсент имаат и помала ќерка Леони (11).

Белучи и Касел се запознале во 1996 година на снимањето на „Апартман“. Тие се венчаа во 1997 година, а се разведоа во 2013 година.

Моника сега е среќна во врска со 18 години помладиот уметник и сценограф Николас Лефевр, со кого е во врска од 2017 година.

Зад себе има уште еден неуспешен брак, со фотографот Клаудио Бас, со кого се омажи во 1990 година, а се разведе четири години подоцна.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma