Израел неодамна излезе од четвртиот бран на Ковид19-, а бројот на дневни инфекции е релативно низок во последните недели.
Децата на возраст меѓу 5 и 11 години сочинуваат речиси половина од активните случаи, а официјалните лица се надеваат дека новата кампања за вакцинација ќе помогне да се намали бројот и евентуално да се спречи нов бран на корона
Израел денеска почна да вакцинира деца против коронавирусот на возраст од 5 до 11 години.
Сепак, израелските медиуми објавија мала побарувачка за вакцини на првиот ден од достапноста за оваа возрасна група, пренесува агенцијата АП.
Децата на возраст од 5 до 11 години сочинуваат речиси половина од активните случаи, а официјалните лица се надеваат дека новата кампања за вакцинација ќе помогне да се намалат бројките и можеби да се спречи нов бран.
Израел неодамна излезе од четвртиот бран на Ковид, а бројот на дневни инфекции е релативно низок во последните неколку недели.
Израел, кој има повеќе од девет милиони жители, има повеќе од 1,3 милиони инфекции од почетокот на пандемијата и повеќе од 8.100 смртни случаи.