Секојдневниот живот на повеќето од нас вклучува шолја кафе веднаш штом ќе станеме од кревет. Веднаш се упатуваме кон кујната, а ранобудниците потоа уживаат во првата (веројатно не единствената) шолја кафе. Често се случува, согласно обврските, да си обезбедиме кофеинско задоволство во периодот од 8 до 9 часот наутро.
Сепак, пиењето кафе пред 9.30 може само да предизвика стрес.
Кортизолот, хормонот на стресот, природно е највисок помеѓу 8 и 9 часот наутро, а кога тогаш пиеме кафе, кофеинот се меша со нивото на кортизол, што може да доведе до чувство на стрес и анксиозност. Затоа некои луѓе се нервозни наутро.
Според истражувањето на Journal of Clinical Endocrinology and Metabolism, потврдено е дека најмногу кортизол се лачи околу 8.30 часот наутро, а тој е одговорен и за зголемување на крвниот притисок.
Во тоа време, телото е природно брзо, но шансата за чувство на вознемиреност се зголемува и со првото утринско кафе. Најдобро е да се остави неколку часа подоцна, кога ќе падне нивото на овој хормон во крвта.
Како алтернатива се препорачува млака вода со лимон и мед, истакнува д-р Стив Милер.