Во Велика Британија се појави нов сој на коронавирус кој брзо се шири

popara24 ноември, 20211min00
delta-soj-korona-virusa-02-830x0

Нов вид на коронавирус AY.4.2 се шири во Велика Британија, според студијата на Империјал колеџ во Лондон. Според таа студија, 11,8 отсто од 841 секвенционирани позитивни анализи покажуваат присуство на подваријантата на коронавирусот AY.4.2.

Според британските власти, овој нов вид се шири побрзо од претходните соеви. Научниците истакнуваат дека во исто време има се помалку симптоматски заболувања.

Типичните симптоми на корона како што се губење на чувството за мирис и вкус, треска и кашлица се ретки кај новите соеви.

Авторот на студијата, Пол Елиот, вели дека, генерално, добро е што има се помалку и помалку симптоми. Научникот Кристел Донели за ТВ Скај изјави дека засега не е можно да се процени како оваа подваријанта на корона вирусот ќе влијае на понатамошниот тек на пандемијата.

Помалку симптоматски случаи значи дека ќе се препознаат помалку заразени случаи, а од друга страна, исчезнувањето на симптомите како кашлица може да го намали ризикот од инфекција.

Светската здравствена организација (СЗО) го окарактеризира новиот вид како сој за кој нема загриженост, но мора да се следи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma