Модниот дизајнер Роберто Кавали, кој неодамна го прослави својот 81 роденден, претходно на својата девојка и подарил многу специфичен подарок – упориште на Викинзите од 11 век во Шведска на приватен остров, кој чини 3 милиони евра. Така, Сандра Нилсон, која е 45 години помлада од нејзината избраничка, стана нова сопственичка на островот во родната земја, недалеку од Стокхолм.
Тука е и прекрасната вила со четири спални соби, дел за лов, базен, терен за голф, но и остатоци од викиншка тврдина, пишува Дејли Меил.
Поранешната манекенка, која е 45 години помлада од Кавали, може да џогира по желба на островот долг 1,5 метри, а островот има и приватно пристаниште со траект кој може да прими 10 луѓе.
Инаку, Кавали и Сандра се запознале кога се развел од сопругата во 2010 година, а заедно се наводно од 2014 година. Со неа Кавали, како што вели, си го нашол својот мир, таа му е муза и вистинска љубов, а тој воопшто не се грижи за разликата во години.
А која е Сандра Нилсон?
Родена на 17 февруари 1985 година во Шведска, рано започнала да работи во модната индустрија. Кога имала 14 години, извидниците од една француска модна агенција ја забележале нејзината специфична убавина – крупните сини очи карактеристични за Швеѓаните и кафената коса, што е реткост во нордиските земји.
Со текот на годините, таа има освоено награди, меѓу другите за Мис на ЕУ, Мис бикини на светот, Мис на Хаваи и конечно за најубава жена во Шведска, а беше и модел на Плејбој.
Со текот на времето, нејзината кариера почна да згаснува, но околу тоа време нејзината љубов кон Роберт почна да блеска.
Кавали неодамна беше вакциниран против Ковид 19, а Сандрa напиша: „Ти ме штитиш од секој вирус“.