15-годишната Сури Круз често може да се види во Њујорк на прошетки со нејзината мајка, актерката Кејти Холмс (42), па така беше и овојпат.
Папараците ги снимија заедно и не изгледаа многу расположени. Кога забележале дека ги фотографираат, го тргнале погледот, особено Сури, и двете биле топло облечени.
Инаку, Сури е под лупата на јавноста откако се роди на 18 април 2006 година како ќерка на еден од најпознатите холивудски актери и ѕвезда на серијата „Dawson’s Creek“.
Таа беше круна на љубовта меѓу Том Круз (59) и Кејти, кои се венчаа седум месеци по нејзиното раѓање. Изгледаше дека Сури има живот од бајките додека растеше како дете на популарна и навидум хармонична двојка.
Но, тогаш нејзините родители се разведоа во 2012 година и во јавноста беше објавено дека нивниот брак е уништен од скиентолошката вера на Том на која тој потчини сè во животот. Холмс не можеше да издржи и не сакаше да биде дел од контроверзниот култ, исто како поранешната сопруга на Круз, Никол Кидман.
Актерката наводно се плашела за себе и за својата ќерка, поради што ја донела одлуката за развод и актерот последователно се оддалечил од Сури. Според извори блиски до поранешната двојка, Том ја прекинал речиси секоја комуникација со својата ќерка поради правилата на скиентологијата и последен пат ја видел во 2013 година. Имено, Сури не е член на култот, па му рекле дека не смее да ја контактира.
Едно време протече информација дека Круз сите тие години и праќал писма на својата ќерка, кои Кејти не сакала да ѝ ги покаже. Но, таа сама ги пронашла и сакала да комуницира со нејзиниот татко. Сепак, тоа никогаш не е потврдено бидејќи поранешните сопружници не зборуваат за приватниот живот.
Јавноста ја жали Сури во последните години затоа што Том многу лесно се откажа и не ја видел седум години, но во исто време истакнуваат дека таа има мајка Кејти, која е целосно посветена на неа и често може да бидат видени заедно. Тие живеат во стан во Њујорк каде тинејџерката сега оди во средно училиште и тешко е да не се забележи дека мајката и ќерката се многу слични една на друга.
Во последно време, таткото на Сури, Том привлекува внимание со лицето полно со ботокс, додека коментираше за неа дека често има тажен и изгубен изглед.