Стресот е дел од секојдневието на човекот, а не сме ни свесни како влијае на организмот.
Вашето тело испраќа алармни сигнали – препознајте ги на време.
Несоница и лоши соништа
Ако речиси секоја вечер се будите исплашени и вознемирени, големи се шансите да сте под стрес. Стресот е една од најчестите причини за лоши соништа и кошмари.
Друг проблем со спиењето кој може да биде знак дека сте под стрес – е несоница. Иако сте уморни, само се превртувате и не можете да заспиете. Постојано размислувате за своите грижи и проблеми и не можете да се опуштите.
Заби кои болат
Ако ве боли забот кога ќе се разбудите, веројатно сте ја поминале ноќта крцкајќи со забите и стискајќи ги мускулите на лицето.
Доколку почесто кивате, ве болат мускулите или главата, сосема е сигурно дека телото ви кажува малку да забавите. Слабеењето и падот на имунитетот доаѓаат како одговор на стресот.
Косата ви паѓа
Секое утро додека се чешлате, забележувате дека на вашиот чешел има се повеќе паднати влакна. Слично е и кога ја миете косата. Прекумерното опаѓање на косата често доаѓа како еден од знаците дека сте изложени на стрес.