Мислел дека тоа му се ПОСЛЕДНИТЕ минути од животот: Клуни за малку ќе умрел на снимање, едвај ја избегнал ТРАГЕДИЈАТА

popara30 ноември, 20211min00
dzordz

Холивудскиот актер Џорџ Клуни неодамна се потсети на еден од најтешките моменти во неговиот живот, кога бил тешко повреден

Имено, Џорџ Клуни во јуни 2018 година доживеа сообраќајна несреќа од која едвај се спаси. Актерот потоа заврши во болница откако автомобил удрил во неговиот мотор.

Како што изјавил Клуни за „Сандеј тајмс“, сето тоа се случило на Сардинија, каде што го снимал „Catch 22“, а на пат кон сетот го удрил автомобил. Во тие моменти низ глава му поминале најмрачните мисли.

– Само чекав да се изгаснат светлата. Сега сум добро – рекол актерот.

Она што му пречело е што околу него во тој момент се собрале бројни луѓе кои го снимале и фотографирале додека лежел повреден.

– Ако сте јавна личност, она што го сфаќате додека лежите на земја и мислите дека ова се последните минути од вашиот живот, е дека за некои луѓе секогаш ќе бидете забавни за нивниот Фејсбук. Јас сум позитивен лик, но од тоа извлеков заклучок дека за нив сум само забава. Сакате да го фатите секој од нив и да ги протресете – рекол Клуни.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma