Иако вообичаено од плиш се прават пижами или домашни тренерки, многу познати дизајнерски куќи направија елегантни костуми од овој материјал.
Плишот е материјал кој имаше малку поинаква намена. Бидејќи е мек на допир и многу удобен и топол, од овој материјал се правеа пижами и домашни тренерки.
Сепак, многу познати дизајнери решиле да не „играат по правила“, па од овој материјал направија костуми кои од една страна се многу удобни и топли, а од друга страна исклучително елегантни.
Во потемни бои кои се во тренд во постудените денови, плишот може да им парира на другите материјали од кои вообичаено се прават одела.
Поради впечатокот што го остава, не е ни чудо што многу познати дами се одлучуваат за ваков костум кога станува збор за комбинации на црвениот тепих.
Плишаниот костум во бои како бордо, темно сина, смарагдно зелена или дури и сенф жолта ќе биде полн погодок во текот на претстојната сезона.
Доколку се одлучите за вакво одело, бидете сигурни дека ќе бидете елегантни и тренди, а во исто време ќе ви биде многу удобно, бидејќи удобноста е сепак на прво место, со оглед на тоа што треба да поминете неколку часа надвор од домот, со оваа комбинација удобноста е загарантирана.