Ријана прогласена за национална хероина на родниот Барбадос

popara2 декември, 20211min00
Rihanna

Барбадос, по 396 години владеење на британската монархија, стана најмладата република со која претседава Сандра Мејсон. Во историскиот момент и полноќната церемонија на која присуствуваше и принцот Чарлс, прва точка на дневниот ред по прогласувањето на републиката беше – да ѝ се додели на Ријана титулата национална хероина.

Rihanna nacionalna heroina Barbadosa

33-годишната музичарка и претприемачка е родена во Сент Мишел и пораснала во главниот град Бриџтаун, а локалните жители и политичарите со години се восхитуваат на нејзината моќ и влијание, ширејќи го нејзиното карипско наследство преку нејзината работа. Откако стана светски позната во 2007 година благодарение на хитот „Umbrella“, тогашниот премиер Дејвид Томпсон го прогласи 22 февруари за Денот на Ријана, а во 2018 година стана амбасадорка на културата и младите на нејзиниот роден Барбадос.

„Во име на благодарната нација и уште погордиот народ, ви го доделуваме одликувањето за национална хероина, амбасадорката Робин Ријана Фенти. Продолжи да сјаеш како дијамант“, ѝ рече премиерката Миа Мотли на церемонијата.

Rihanna prima odlikovanje

Во оваа свечена пригода, Ријана навистина блесна како дијамант, покажувајќи уште еднаш дека ќе го донесе својот уникатен стилски израз инспириран од културата од која потекнува, во портокалов фустан од Bottega Veneta и плетенки. „Ништо не може да се спореди со чувството дека ве препознава земјата во која сте родени. Ние сме веројатно најгордите луѓе што ги познавам. Таа гордост ја носам со себе каде и да одам“, рече Рири во својот говор.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma