Градите на Ријана го „хипнотизираа“ принцот Чарлс: Урнебесната реакција стана хит на интернет

popara3 декември, 20211min00
tan2021-9-22145617763-830x0

Прославата беше одбележана со доаѓањето на Ријана, која то текот на годината ја доби титулата заштитно лице на Барбадос

RnB ѕвездата Ријана е прогласена за национална хероина на Барбадос, но целиот свет зуи за принцот Чарлс кој не го тргаше погледот од нејзините бујни гради.

Имено, Барбадос е прогласен за република, со што и официјално заврши владеењето на кралицата Елизабета Втора на таа територија, а самиот настан претставува голем и важен ден. Свечената прослава ја одбележа и доаѓањето на популарната пејачка која во текот на годината ја доби титулата заштитно лице на земјата.

Откако ја презеде титулата хероина од Барбадос, наградата и ја врачи лично Сандра Мејсон, првата претседателка на оваа земја. Цитирајќи една од најпопуларните песни на Ријана, таа и порача да продолжи да сјае како дијамант.

Убавата Ријана со години привлекува внимание каде и да се појави, па овојпат не ја пропушти можноста да биде главна тема на сите присутни со нејзиниот провокативен жолт кожен фустан кој е врзан околу вратот, додека грбот е целосно гол со што јасно се гледа дека под тоалетата не носи градник.

Ни принцот Чарлс не остана рамнодушен на нејзиното згодно тело и истакнати атрибути. Фотографиите на кои принцот не може да го тргне погледот од згодната пејачка набрзо станаа вирални.

1638271016165-profimedia-0645540642-830x0
princ-carls-i-rijana-830x0
prince-charles-and-rihanna-princ-carls-i-rijana-830x0
profimedia-0645544011-830x0
profimedia-0645576670-830x0
rijana-1-830x0
rijana-2-830x0
1638270989404-profimedia-0645539082-830x0

Сепак, иако член на кралското семејство беше маѓепсан од комбинацијата на облека на Ријана, следбениците на социјалните мрежи не штедеа критики на сметка на оваа ѕвезда.

– Не ме сфаќајте погрешно затоа што навистина ја сакам Ријана, но овој фустан за оваа пригода… Не оди, Ријана, знаеме дека не сакаш градници, но не мора сите да ги гледаме твоите брадавици, непријатно ми е да го гледам ова, во последно време претерува, кутриот Чарлс, изгледа дека му е непријатно – гласат само дел од коментарите на социјалните мрежи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma