Сè уште не ни е јасно зошто 30-тиот роденден толку многу влијае на нашата душевна состојба. Токму во овој момент често престануваме да бидеме робови на лошите навики и одлуки, а одредени модни избори спаѓаат во категоријата лоши одлуки. Во продолжение погледнете што треба да исфрлиме од гардеробата по 30-тата година од животот.
1. Облека во која не се чувствувате добро
Не е важно дали на другите им се допаѓа, клучот е дали вам ви се допаѓа. Ако едноставно не се чувствувате добро во одредени парчиња облека, тогаш ослободете се од нив.
Немојте ни да се присилувате да носите тренди облека што воопшто не одговара на вашиот личен вкус. Триесеттите се совршен период да го дефинирате вашиот стил и да се задоволите себеси кога е модата во прашање. Секогаш можете да донирате добро сочувана облека и да израдувате некој друг.
2. Облека која ви изгледа лошо
Панталоните од кои вриеме од сите страни премали за број или два никако не се добар избор. Нема парче облека или додаток што ќе ги камуфлира или разубави. Облеката со несоодветен конфекциски број едноставно не ни изгледа добро.
Проблем се древните парчиња кои ги чуваме во плакарот со надеж дека еден ден повторно ќе влеземе во нив, а добро знаеме дека нема да се вратиме на тежината со која би можеле да ги носиме. Не го натрупувајте плакарот со бескорисна облека што не ја носите и исфрлајте ги парчињата кои не ѝ ласкаат на вашата фигура.
3. Болни обувки
Има убави потпетици во кои нема да ни болат стапалата, но тоа не нè спречи поголемиот дел од дваесеттите да ги поминеме во неудобни модели кои предизвикуваат болка и плускавци.
Истото важи и за чевлите со целосно рамен ѓон, што предизвикува спуштени стапала и други ортопедски проблеми. Ослободете се од обувките кои му штетат на здравјето на вашите стапала бидејќи триесеттите се период од животот кога треба да престанеме да страдаме поради убавина и изглед.