Како што неодамна се шпекулираше за една од најуспешните жени во светот, Ријана, таа ќе стане мајка. Неодамна овие шпекулации ги потврди извор близок до ѕвездата:
– Ријана е бремена, очигледно е, многу сум среќен поради неа – изјави за MTO News извор близок до R’n’B ѕвездата.
Досега беше препознатлива по предизвикувачките стајлинзи и по начинот на кој комбинираше различни парчиња гардероба на необичен начин. Тоа беа најчесто предизвикувачки облеки што не може секој да ги поднесе. Сега избравме 5 комбинации кои Ријана ги носеше, а кои се погодни за носење со мали корекции, дури и за трудници!
1. Широк пастелно розев комплет со кој искомбинирала бели патики е одлична комбинација доколку не носите штикли, а сакате да бидете поформално облечени. Решила да не носи ништо под сакото, но можете да носите обична бела маичка. Можете да комбинирате и златни обетки, алки и прстени со накит. Ако сакате јакната можете да ја искомбинирате со чантата.
2. Доколку сакате уличен стил тогаш комбинациите на беж кежуал парчиња со широк интересно дизајниран капут е вистинскиот избор за вас. Можете да додадете малку сребрен накит, како и чевли со ниски потпетици. Вашиот избор со ова може да бидат спортски беж патики.
3. Оваа комбинација е одличен избор за зимскиот период. Доколку сакате црна боја, а сакате да бидете топли, да изгледате ефективно, а во исто време да се чувствувате удобно, тогаш тука е и црната плишана тренерка со истата чанта, со која Ријана искомбинирала темна ролка, очила и чевли. Наместо штикли, секако можете да изберете чевли или патики.
4. Црна во исто време лежерна и празнична комбинација со која пејачката искомбинирала ефектни очила за сонце и пристојна нараквица, како и црни салонки. Оваа комбинација можете да ја користите кога одите на ручек со вашите пријатели.
5. Ријана со сите комбинации сака да става високи потпетици, сепак, не мора да го избирате ова парче, туку ваш избор секако можат да бидат патиките. Дебелите спортски тренерки се одличен избор за зимските денови и одење на утринско кафе со пријателите.