Една од најпознатите јутјуберки во светот и многу призната уметница во светот на шминката, Ники де Џегер, попозната како NikkieTutorials, на својот канал на Јутјуб беше домаќин на светски познатата и една од најталентираните пејачки Адел.
Тие две се шминкаа, разговараа, но и наздравија со чаша вино кога зборуваа за песните од новиот албум на Адел. Пејачката истакна дека е емотивно врзана за песните кои му ги посвети на синот „My Little Love“ и „Hold On“.
Тие две се пошегуваа и за моќта на шминката:
– Моќта на шминката се гледа кога ќе го погледнете моето лице, додека едната половина е нашминкана, а другата не. Сигурна сум дека ја гледате разликата – се пошегува пејачката.
Кога Јутјуберката заврши со шминкање на половина од лицето на Адел, таа и даде огледало, по што таа искоментира:
– Леле! Ова е лудо. Личам на Џокер, но во најпозитивна смисла. Ова е неверојатно – заклучи сопственичката на хитот „Rolling in the deep“.
Она што е интересно е што Ники ја нашминка популарната пејачка на тој начин што овој изглед потсетува на карактеристичниот стил на шминкање на Адел: ајлајнер, сенка со топли тонови и природна нијанса на усни.