Според медиумите, Тристан Томпсон го чека своето трето дете – но не со Клои Кардашијан.
Кошаркарот на Сакраменто Кингс наводно чека бебе со Марали Николс, која е негов личен тренер и фитнес инструктор!
Николс го тужеше Томпсон за издршка, иако бебето сè уште не беше родено. Се вели дека бебето е зачнато во март, на триесеттиот роденден на Томпсон, кога тој беше во стара/нова врска со Клои Кардашијан, со која ја има ќерката Тру.
Томпсон призна дека имал сексуални односи со Николс неколку пати во хотелот откако заедно присуствувале на истата прослава. Сепак, тој тврди дека тоа било единствениот пат кога биле интимни. Николс тврди дека нивната врска траела „најмалку пет месеци“ пред прославата на неговиот роденден, како и дека продолжила и откако таа забременила.
Се наведува и дека Тристан ја замолил љубовницата да абортира кога дознал дека е бремена! Според зборовите на нејзиниот адвокат, трудницата испратила докази во форма на смс пораки кои ги разменила со кошаркарот, каде тој барал од неа да ја прекине бременоста и и се заканил дека нема да успее во намерите.
Томпсон негира дека ги пратил тие пораки.
Николс ги избриша сите нејзини фотографии од социјалните мрежи, со порака дека сака приватност за себе и за бебето, а моментално е во 38-та недела од бременоста.
Клои Кардашијан се уште не проговорила. Да потсетиме, нејзината врска со Тристан Томпсон од самиот почеток е многу контроверзна, бидејќи е познато дека тој ја изневерувал додека била бремена, а два дена откако Клои се породила бил фатен во страсни бакнежи со друга жена. И покрај се, таа се помири со него, поради што медиумите и фановите ја нарекоа „најголемата крпа на Холивуд“. Покрај ќерката Тру, Томпсон го има и синот Принц и Џордан Крег.