СВЕТКИ, ПЕРДУВИ И ЧИПКА: Три гламурозни детали кои никогаш не излегуваат од мода!

popara4 декември, 20211min00
5de7cd856cea99b007294b53e8adacefb823772f

Стајлингот на прослави или забави, секогаш надополнете го со едно од овие три парчиња

Кога ќе се појавите некаде, многу е важно каков прв впечаток оставате. Покрај самата појава, многу е важно да се истакне и стајлингот, кој понекогаш знае да биде од посебно значење кога ќе се појавите на некоја прослава.

Постојат три парчиња облека кои никогаш не излегуваат од мода, а кои на вашиот стајлинг ќе му дадат посебна нота.

Светки

Асоцираат на гламур и луксуз, а под рефлектори ја прават жената која ги носи да блесне како ѕвезда на вечерта. Новата година е една од ретките прилики кога не треба да се грижите дали ќе претерате со светките, па затоа свечените фустани украсени со светки се полн погодок.

Пред новогодишната ноќ, многу модни куќи нудат фустани и топови со атрактивни блескави украси, па ако не сте ги купиле досега, искористете ја актуелната празнична распродажба и набавете парче облека со штрас, светкави токи или класични светки по намалени цени.

Пердуви

Како врвен моден тренд кој од минатата сезона беше пренесен во оваа зима, пердувите се наметнати во зимските колекции на светски познатите дизајнери. Гардеробата украсена со овој детал на голема врата враќа софистицирана ретро дива која знае да ги претстави и најекстравагантните креации. Посебно се популарни мини здолништа со пердуви, кои можете да ги комбинирате со свилени топови и боди маици, како и со фустани кои имаат пердуви на рамениците или во пределот на деколтето.

Доколку не можете да најдете празнична креација со „совршена доза“ пердуви, посетете некоја од продавниците за накит и одберете ленти за коса или венче со овој детал.

Чипка

Мистичниот вез на чипката е наменет за храбрите дами кои свесно сакаат да го изразат својот сексапил. Елегантни црни фустани украсени со тантела, но и предизвикувачка долна облека од тантела и новиот бјути тренд– чипка на ноктите, беа трендовите кои ја одбележаа оваа модна есен.

Иако чипката не е најсреќниот избор за деловни ручеци и викенд излегувања, прославите како Нова Година се совршена можност да понесете елегантна креација со оваа секси врска. Единствено што треба да знаете е дека правилото „помалку е повеќе“ се уште важи овде, дури и во најлудата ноќ.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma