Познатата актерка откри дека не е се така како што гледа публиката на малите екрани
Сандра Булок и Рајан Рејнолдс беа одлични во филмот „The Proposal“ од 2009 година. Но, сеќавајќи се на снимањето, особено на жешките сцени кога налетуваат еден на друг како од мајка родени, актерката објаснува – дека не било баш сè игра и забава.
Во подкастот „About Last Night“ што го води Адам Реј, Булок „стана“ уште еден во низата светски познати уметници кои истакнуваат колку овие денови на снимање можат да бидат непријатни.
Имено, не и помогнало тоа што добро се познаваат, што се комичари, професионалци, а за несреќата на партнерот од големото платно премолчувала изминативе 12 години само затоа што не и била дадена можност да ја раскаже хит анегдотата од сетот.
– Сетот беше од затворен тип, што значи дека на малку луѓе им е дозволен пристап. Можеби се шетаа фризерот и шминкерот, кои поправаа нешто пред одредена сцена. Јас и Рајан имавме ленти со боја на кожа на места кои не требаше да бидат снимени, косата „случајно“ ми паѓаше над градите… Се чинеше како да нема место за грешка – почна таа.
– Меѓутоа, кога се судривме, како што требаше на сцената, ни викнаа: „Добро, сечи!“ И така, тој случајно заврши на колена чекајќи да продолжиме. А јас… правам се само да не гледам каде што не треба. Режисерката Ен Флечер потоа извика од темнината: „Рајан, се се гледа!“ Тогаш почнавме да ја менуваме бојата. Си велев: „Не гледај ни случајно, не гледај…“ и си помислив: „Ен, тоа може многу подобро да се направи“ – продолжи таа и предизвика различни реакции, бидејќи до сега ретко кој знаеше што се случило…
– Ми беше непријатно, а и на него, но на крајот од денот… Се познаваме толку многу што навистина не ми беше грижа, всушност, исто како и нему. Брзо го прескокнавме и тој камен. И тој не дозволуваше да биде збунет, колку и да беше во незавидна положба – заклучи Сандра.