ЛАДНО ВИ Е? Овие пози се создадени за ЗИМСКИТЕ ДЕНОВИ

popara5 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-05 193104

Некои пози во сексот дефинитивно можат да генерираат поголема телесна топлина од другите, тврдат експертите, а тоа е сосема доволно за да посакате да ги тестирате.

Летечки „кучешки“ стил

Традиционалниот кучешки стил не обезбедува речиси никаков контакт со кожата освен во пределот на карлицата, а оваа модифицирана верзија им овозможува на партнерите да бидат поблиску еден до друг и со тоа побрзо да се загреат. Започнете во стандардната положба, а потоа спуштете ја горната половина од телото до креветот. Задникот треба малку да остане во воздух. Ако оваа положба е непријатна, обидете се да ставите перница под карлицата. Партнерот треба да го спушти торзото на вашиот грб додека ви приоѓа одзади. Во оваа поза дефинитивно нема да ви биде ладно.

Лажица положба за галење

Сексот во стил на лажица е совршена поза за студените ноќи, бидејќи телата на заљубените се цврсто врзани едно за друго. Неговиот преден дел од телото совршено го загрева грбот, задникот и рамената. Оваа поза е многу удобна за двајцата, а доколку ви треба, можете да префрлите и ќебиња кои воопшто нема да ви пречат. Кога ќе го достигнете врвот, речиси и да не мора воопшто да се движите за да продолжите со гушкањето, пренесува Женски магазин.

Лотосов цвет

Не е неопходно да се практикува јога со години за да се заземе позицијата на цветот од лотос. Оваа поза претставува нешто на границата помеѓу положбата на каубојка и прегратка на мечка. Започнувате така што партнерот седи со скрстени нозе, а вие имате задача да се свртите кон него и удобно да се сместите во неговиот скут. Поентата е да ги завиткате нозете и рацете околу него. Оваа поза е одлична бидејќи ви се поврзани градите, карлицата и секако нозете, што ви овозможува контакт со кожата со целото тело.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma