Сите знаеме за оние ситуации кога е речиси неопходно да облечете високи потпетици или чевли, но се прашуваме како ќе издржиме неколку часа на нив или дури и цела ноќ.
Со некои стајлинзи, високите потпетици се едноставно незаменливи доколку сакаме да изгледаме гламурозно и елегантно.
Исто така, некои прилики сами по себе бараат таков стил на облекување.
Се вели дека жената за убавина и елеганција треба да „стиска заби“ и да трпи болки во нозете. Оние изреки со кои не би се согласил секој, сигурно се сеќавате секогаш кога ќе се најдете во таква ситуација.
Веројатно веќе знаете дека многу помагаат силиконските влошки за чевли со високи потпетици. Изработени се од силиконски гел, а се ставаат на предниот дел на чевелот за да не се лизга стапалото нанапред, за да се избегнат болни стапала и формирање на плускавци.
Можете исто така да ги испрскате стапалата со бебешка пудра или сув шампон за да не се лизгаат напред. Сите овие се веќе докажани и многу добро познати методи.
Но, сега има и сосема поинаков, а веројатно и поефикасен трик.
Ова е трик за кој ви треба фластер или медицинска лента. Залепете ги или спојте ги третиот и четвртиот прст (ако броите од палецот) со фластер или медицинска лента и спремни сте да излезете.
Како функционира овој метод?
Овој трик се заснова на медицинска теорија – нерв кој создава болка во нозете се крие меѓу двата прста споменати погоре. Кога прстите ќе се залепат, има помал притисок на тој нерв, што го олеснува носењето високи потпетици.
Секако, не правете го овој трик доколку имате отворени чевли и во никој случај не ги залепувајте премногу цврсто прстите на нозете!