Чувањето на лакот за нокти во фрижидер го продолжува неговиот рок на траење: Мит или вистина?

popara8 декември, 20211min00
b18bf2512c95b5534d87835c82878d40b1aaa854

Дали лакот навистина ќе трае подолго ако го ставиме во фрижидер?

Лакот за нокти, како и секој друг козметички производ, не трае вечно има ограничен рок на траење. Пред да одлучите да го фрлите, можете да испробате одредени трикови кои ќе му го продолжат животот.

Велат дека студената температура не само што помага формулата да не се згусне, туку помага и бојата да остане жива подолго време. Вистина е дека пониските температури го забавуваат процесот на згуснување на лакот, но сепак само за одреден, краток период. Така да, ако долго го чувате лакот во фрижидер, може да се случи само контраефект, па лакот да стане премногу густ.

Најдоброто место за чување на лакот е на поладно и потемно место. Исто така, чувајте ги лаковите исправени бидејќи така ќе им го продолжите нивниот животен век.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma