Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бен Афлек се појавија заедно во Лос Анџелес на НБА натпреварот помеѓу Лејкерс и Бостон Селтикс.
Пејачката решила да се облече целосно тренди, па избрала фармерки со широки ногавици со кои искомбинирала тексас јакна, за да додаде црна кожна јакна и високи потпетици.
Нејзиниот партнер Бен беше целосно облечен во црно, а неговите парчиња одговараа на стајлингот на пејачката.
Тие двајца се однесуваа како заљубени тинејџери, па папараците и публиката ги видоа, па ги фотографираа во разни ситуации додека си разменуваа нежности. Таа ја стави главата на неговото рамо, тој ја гледаше и шепна, а попат разменуваа прегратки и нежности.
https://twitter.com/jloaffleck/status/1468448970011643908?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1468448970011643908%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmms.mk%2F259867%2FD0B2D0B8D0B4D0B5D0BE-D0B1D0B5D0BD-D0B0D184D0BBD0B5D0BA-D181D0B0D0BAD0B0D188D0B5-D0B4D0B0-D198D0B0-D0B1D0B0D0BAD0BDD0B5-D19FD0B5D198%2F
Меѓутоа, во еден момент ги снимила камера во ситуација кога Бен се обидува да ја бакне пејачката, но таа не успеала да ја разбере неговата намера, а изгледало како да го „игнорирала“.
Бен Афлек неодамна даде интервју за „WSJ“ Магазин, а врската со пејачката не сакаше премногу да ја коментира.
– Можам да кажам дека дефинитивно ми е убаво – кратко прокоментира тој.
-Можете да пишувате претпоставки за нас, но една од потешките лекции што ги научив е дека не е паметно да се споделува се со светот. Знам дека уживам да ги имам тие здрави граници во мојот живот и едноставно не сакам да зборувам за мојот личен однос во весникот. Ќе се воздржам од тоа – додаде тој.