Кристина Ричи (41) го доби своето прво дете, ќерка со сопругот, фризер Марк Хемптон, со кој се омажи во октомври.
Марк се пофали со добрата вест на својот Инстаграм. „Срцето ми експлодираше. Кристина и бебето Клео се фантастични, сите се одмараме по утрото полно со настани… Добредојде на светот, Клеопатра Ричи Хемптон“, напиша фризерот со фотографија од неговата ќерка.
Хемптон на 10 октомври објави и дека тој и актерката се венчале и ја изненади јавноста. Двојката реши да се венча само два месеци откако Кристина откри дека чека бебе со фризерот. Инаку, ѕвездата од „Каспер“ со поранешниот сопруг Џејмс Хердеген има седумгодишен син Фреди, а нивниот развод заврши во јули оваа година по седум години болен брак кој кулминираше со наводниот физички напад на Хердеген врз Ричи.
Поради тоа, таа поднела барање за забрана за пристап до нејзиниот поранешен сопруг и добила целосно старателство над нејзиниот син. „Да се биде мајка ми го сврте животот наопаку. Сега сфаќам се посериозно, сакам да успеам поради детето. Моите одлуки сега се уште поважни“, изјави Ричи пред неколку години.
Да потсетиме, познатата актерка претходно тврдеше дека морала да ги сокрие сите ножеви во куќата бидејќи се плашела дека бившиот сопруг ќе ја убие и дека ја тепал и ја исмејувал рикајќи како свиња. Ги покажала и модриците што ѝ ги нанел. Поради сето ова, таа побара од судот да изрече привремена забрана да биде блиску до неа и нивниот син Фреди, што беше испочитувано.
Неколку дена подоцна и Џејмс поднесе барање до судот за привремено старателство над својот син, тврдејќи дека Кристина е алкохоличар која со години мешала апчиња и алкохол. Џејмс изјавил и дека еднаш била толку пијана што паднала додека го држела синот во раце, го возела детето под дејство на алкохол, дека се губела кога пиела и не се сеќавала на ништо потоа, и дека прекинала бременост без негово знаење. Ричи е позната и по тоа што се бакнуваше со еден од најзгодните мажи на светот, Крис Еванс.