Новите модели најчесто се високи до колена, но има и такви кои одат преку коленото, како и чизми до глужд
Комбат чизмите со робусен дизајн и смели ѓонови се голем тренд оваа сезона. Но, по кој модел на чевли треба да посегнете кога сакате нешто поелегантно и подеднакво тренди?
Одговорот е во чизмите со зашилен врв – иако по стил се разликуваат од актуелниот тренд, нудат многу елеганција.
Сепак, неспорно е дека трендот на чизми со шпиц се враќа во мода. Ако сакате да се облекувате шик и елегантно, чизмите со шпиц се совршена алтернатива и го слават своето големо враќање откако исчезнаа од модната сцена на некое време, а новите модели се многу разновидни.
Заеднички им е шпицот, а се останато зависи исклучиво од вашиот вкус. Новите модели во елегантен стил најчесто допираат до колена, но има и такви кои одат преку колената, како и чизми до глужд.
Што се однесува до самата потпетица, изборот е многу разновиден – од класична блок штикла до штикла со ретро шмек, а сите се обележани со елеганцијата што ја даваат на секој аутфит.
Трендот на чизми со шпиц е разновиден и може да се комбинираат на различни начини: со сако и фармерки со прави ногавици, во многу шик комбинација со плетени фустани или плисирано здолниште… Едноставно нема ограничувања кога станува збор на овој модел.