ПРАВИЛО ШЕСТ МИНУТИ: Еве како да постигнете ЗАДОВОЛСТВО и после оргазам, ова ќе ве воодушеви

popara9 декември, 20211min00
profimedia-0161749724

Може да ви помогне доколку имате проблем да го достигнете врвот …

 

Студијата спроведена за потребите на една канадска компанија открила дека првите шест минути пред сексуалниот чин се пресудни за квалитетен секс.

 

Имено, шестминутното сексуално правило и неговото почитување може значително да ја подобри вашата врска, заклучиле истражувачите од студијата во која учествувале 1.500 Канаѓани.

 

Во основа, правилото вели дека луѓето треба да поминат најмалку шест минути уживајќи во нежноста пред сексуалниот однос, како што се бакнување, гушкање и други видови на предигра. Имено, во споредба со оние чија предигра била пократка или отсутна, оние чија предигра траела шест минути или подолго, рекле дека се чувствуваат многу подобро после секс.

 

Резултатите покажале дека учесниците кои го следеле ова правило рекле дека се многу задоволни по сексуалниот однос, а тој број значително се зголемил (56 отсто од мажите и 55 отсто од жените) кога парот се гушкал после секс.

 

Особено клучно за жените

 

Утврдено е дека правилото од шест минути е особено важно за сексуалното искуство на жените, а 61 процент од учесниците изјавиле дека не можат да постигнат оргазам без тоа. Мажите се согласуваат дека почитувањето на правилото од шест минути ги прави работите попријатни, но повеќето од нив можеле да доживеат оргазам без тоа.

 

Зборувајќи за студијата, професорот по сексуалност Робин Милхаузен од Универзитетот во Гелф истакна дека е важно да не се брза со сексот.

 

– Особено во хетеросексуалните врски главен настан е самата пенетрација. По сексот се појавуваат разни чувства, потоа сме ранливи, се чувствуваме опуштено и поврзано. Тоа е совршено време за интимност што може да доведе до поголемо сексуално задоволство – објаснила таа.

 

– Шест минути е критично време. Ова е време кое партнерите треба да си го посветат еден на друг. Потребни се имагинација и желба, тоа не чини ништо – заклучила таа.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma