Џенифер Анистон и после 30 години е иста на црвениот тепих: Откри каде работела меѓу аудициите на почетокот на кариерата (ФОТО)

popara10 декември, 20211min00
1254702ecd782ff3f9628e190eea824711af686c

Актерката Џенифер Анистон ја доби наградата што ја доделува американскиот магазин The Hollywood Reporter.

Џенифер има кариера од над 30 години, а секогаш се нагласува колку актерката не се променила од самиот почеток. Во текот на 90-тите редовно носеше мали црни фустани, а сè уште често ги избира за црвениот тепих.

Анистон сега излезе на сцената во црн комбинезон со широки ногавици и без ракави, додека половината ја истакна со потесен, исто така црн појас. Актерката и овој пат имаше права коса, по која е позната со децении. Во деведесеттите, нејзината коса го доби името Рејчел, по името на ликот, а магазинот „Ролинг Стоун“ ја прогласи за прва фризура на Америка.

За време на поздравниот говор Џенифер истакна една интересна работа, таа му оддаде почит на своето скромно „19-годишно јас“ и времето кога работела како келнерка меѓу аудициите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma