НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ! Научници измислија МАСКА која свети во темнина кога ќе детектира КОВИД-19 во вашиот здив (ВИДЕО)

popara11 декември, 20211min00
Screenshot_2

Научници развија нова маска за лице која користи антитела од ној за откривање на Ковид-19 со сјај под ултравиолетови зраци

 

Тие се надеваат дека ваквата иновација може да придонесе за полесно тестирање за вирусот дома.

 

Студијата е спроведена на Универзитетот во Јапонија, која ја започна Јасухиро Цукамото. Учесниците во студијата носеа маски осум часа пред да се отстранат филтрите и да се испрскаат со хемикалии кои светат под ултравиолетова светлина.

 

Истражувачите откриле дека заразените со корона светкаат околу носот и устата.

 

Тие исто така истакнаа дека LED светлото од телефонот може да биде корисно за откривање на вирусот. Научниците се надеваат дека ќе измислат маски кои сами ќе светат кога ќе откријат Ковид-19.

 

– Тоа е многу побрз и подиректен начин на првично тестирање од ПЦР тестот – истакна Кукамото, ветеринар и претседател на универзитетот за VICE World News.

 

– Антителата на ној на корона поставена на филтерот за устата на маската го фаќаат коронавирусот при кашлање и кивање – велат истражувачите.

 

Тие, исто така, успеаја да го визуелизираат вирусниот антиген на филтер кој носи антитела од ној кога користеа ултравиолетова црна светлина и LED светлото на паметниот телефон.

 

„Ова го прави лесен за користење, дури и дома.

 

Експертите додадоа:

 

– Присуството на вирусот може да се потврди од маска која носи антитела од ној што ја користи лице заразено со коронавирус осум часа.

 

Цукамото откри дека сфатил дека има корона откако ја носел оваа нова маска осум часа. Две децении ги проучувал ноевите, обидувајќи се да го прилагоди нивниот имунитет во борбата против грип, алергии и други болести.

 

Пред оваа маска, тој успеа да направи маска која открива птичји грип. Сè уште не е откриено колку чинат новите маски за откривање Ковид-19.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma