Популарната актерка Џенифер Лоренс неодамна блесна на црвениот тепих по премиерата на „Don’t Look Up“.
Познатата актерка и Леонардо ди Каприо во филмот „Don’t Look Up“ глумат астрономи кои откриваат страшна комета која брза кон земјата, а актерката отворено признала дека имала неколку несреќи на снимањето.
– Ми падна еден заб прилично рано на снимањето. Не можев да одам на стоматолог до крајот на филмот, па морав да го снимам најголемиот дел од филмот без заби – изјави Џенифер Лоренс.
Сепак, како што изјавила, ова не е единствената несреќа што и се случила на снимањето на овој филм, актерката имала проблем и со пирсинг.
– Едниот е само закачен, а другиот е магнет. Многу, многу пати случајно го вдишав тој магнет и морав да го исплукам пред Леонардо ди Каприо – додала Џенифер.