Редовното внесување на зеленчук е неопходно за целокупното здравје на организмот, но треба да се има предвид дека не секој зеленчук е соодветен како сиров, туку бара термичка обработка.
Добро е познато дека начините на готвење можат да ги елиминираат витамините и минералите од една група намирници, додека пак други хранливите материи се активираат само по термичка обработка.
Се верува дека конзумирањето неварено овошје и зеленчук може да поттикне слабеење и да помогне во спречување на одредени болести, но не сите сирови овошја и зеленчуци се здрави.
Нутриционист открива кои видови зеленчук не треба да се јадат сирови, бидејќи во таква форма можат да предизвикаат гасови, надуеност или други проблеми.
Намирниците кои не се препорачува да се јадат сирови се: модар патлиџан, црвен грав, спанаќ, црвени мешунки, шумски печурки, различни видови зелка, рукола.
“Ако ги јадете сирови, тие негативно влијаат на производството на тироидните хормони и ја зголемуваат веројатноста за појава на оксалатни камења. Но, овој ефект може да се избегне со термичка обработка. Ако сакате да го извлечете максимумот од готовите јадења од зеленчук, не мора долго да ги динстате, ниту печете“, вели нутриционистот Светлана Фус.