Звучи невозможно, но не е!
Доколку сте забележале дека стомакот ви е отечен, дека чувствувате подуеност, доволно е да направите брзи и лесни корекции во секојдневието и стомакот ќе ви спласне.
Овие пет работи ќе предизвикаат надуеност и отеченост во пределот на стомакот без конзумирање на суплементи или лекови.
- Намалете го внесот на сол
Внесувањето на прекумерни количини на сол во организмот предизвикува акумулација и задржување на водата во организмот.
Доколку сакате да го намалите обемот на половината, но и на другите делови од телото, намалете ја количината на сол во храната и наскоро ќе го исфрлите вишокот течност од телото, а ќе почувствувате и олеснување.
- Отфрлете ги пивото и газираните сокови
Ако сакате малку да го израмните стомакот, воздржете се од пиење ладно пиво, но и газирани сокови – меурчињата поттикнуваат надуеност, но не само тие – туку и самиот алкохол.
Имено, алкохолот го поттикнува размножувањето на лошите бактерии во цревата, а тоа ќе резултира со создавање на надуен стомак.
- Не јадете со отворена уста
Џвакањето храна со отворена уста поттикнува голтање воздух, што ќе предизвика надуеност.
Затоа, додека јадете, воздржете се од зборување, почекајте додека не го голтнете залакот и дури потоа отворете ја устата.
- Јадете ананас
Јадењето ананас придонесува за подобро варење и го смирува дигестивниот тракт. Имено, ананасот е богат со ензим кој ги разградува протеините, го забрзува метаболизмот и ја намалува акумулацијата на гасови во цревата.
- Исправете се
Тоа е одличен, брз трик за тоа како да направите вашиот стомак да изгледа порамно. Обидете се да ги воведете исправеноста и исправеното држење како секојдневна навика.
На почетокот свесно потсетувајте се да се исправате додека одите, стоите или седите, а подоцна тоа ќе ви стане навика и автоматски ќе останете исправени.