ПЕТ причини зошто мажите исчезнуваат после првиот секс

popara14 декември, 20211min00
96431241161b6f49a487a9657370003_640

Иако не е лесно, жената не треба да го сфаќа премногу лично тоа што и се случило мажот да изгуби интерес за неа после сексот. Тоа само покажува дека тој не бил за неа од самиот почеток и подобро е што го нема сега отколку по десет години лоша врска. Како што некои би рекле „морето е полно со риби“ и некаде сигурно има маж кој ќе ја сака со цело срце и ќе биде среќен што е негова, не само поради сексот туку и поради тоа каква е таа одвнатре.

Пет причини зошто некои мажи губат интерес после секс:

  1. Не го интересирало ништо друго освен сексот

Има и такви кои би направиле се за да стигнат до жената која им паднала во очи и да ја однесат во кревет. Но, по страсната ноќ, тие губат интерес бидејќи тоа веќе не е предизвик за нив. Го добиле тоа што го сакале, го „фатиле пленот“, си го нахраниле егото и продолжиле понатаму.

Тоа не се случило затоа што одредена жена била лоша во креветот или нешто не е во ред со неа, туку наишла на површен маж.

  1. Мислел дека е заљубен, па сфатил дека не е

На таквите мажи искрено може да им изгледа дека се заљубени и дека им се допаѓа жената, дека доста добро ја запознале за толку кратко време и слично.

Меѓутоа, понекогаш се случува после сексот да добијат чувство дека се со странец, дека навистина не ја познаваат таа жена и ’пеперутките’ исчезнат од нивниот стомак. Тие всушност го мешаат чувството на страст со заљубеноста.

  1. Едноставно нема сексуална привлечност

Некогаш мажот и жената знаат да си бидат многу привлечни еден на друг, да разговараат за се, да имаат исти интереси и слично. Меѓутоа, кога станува збор за сексот, тие сфаќаат дека меѓу нив нема никаква сексуална привлечност, односно дека сексот им е просечен.

Некои мажи тогаш ќе изгубат интерес (како и некои жени) и нема да сакаат да одржуваат таква врска.

  1. Се исплашил бидејќи врската станала премногу сериозна

Мажите понекогаш исчезнуваат од животот на својата партнерка затоа што се плашат од патот по кој оди врската. Жената се заљубува во нив по првиот секс, станува премногу сериозна, а тие не се подготвени да се обврзат, па претпочитаат да избегаат.

Можеме да ги наречеме кукавици, но подобро е да си заминат, бидејќи ако не се подготвени за сериозна врска – и онака таа врска не би траела долго.

  1. Не сите врски се предодредени за долги патеки

Моментот кога мажот и жената стануваат сексуално интимни е моментот кога некои работи се кристализираат. Некои врски траат и после тоа, но некои се осудени на пропаст, бидејќи партнерите сфаќаат дека едноставно не се еден за друг, открива „The Earth Child“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma