Немате време или можности за пазарење, а чевлите што ги имате не се совршени за ладниот и снежниот декември? Доколку сакате вашите обични чевли или чизми кои не се наменети за влажно време да ги претворите во водоотпорни обувки, се што ви треба е пчелин восок.
Со него убаво истријте ги чевлите и врз нив оставете бел слој, а потоа растопете го со фен. Откако восокот добро ќе се стопи и кога ќе бидете сигурни дека навлегол во сите делови, оставете го во чевлите да се излади неколку минути и – толку!
Ако не можете да најдете пчелин восок, одлична ќе биде и едноставна свеќа, но за да не ги уништите чевлите, не земајте обоени свеќи.