Оваа сезона модната сцена ја обележува „војничкиот“ стил. Мажите во воени униформи им послужија како инспирација на многу познати дизајнери, така што во новите колекции доминираат препознатливите бои и форми.
Остри кроеви, истакнати рамења, препознатливи детали, дезени и бои прават целокупниот изглед да изгледа моќен и уникатен. Иако војничкиот дизајн е повеќе застапен на парчињата машка облека, подеднакво добро се вклопува и кај жените кои со голема радост го носат.
Типични војнички бои, маслинесто зелена, сива, беж и тегет се практични за комбинирање, а модните експерти одлучија дека војничкиот принт ги краси женските јакни, панталони, маички, но и фустани и здолништа.
Војничкиот стил официјално стана популарен во средината на 20 век, кога војничката униформа ја искористи дизајнерот Ив Сен Лоран како инспирација за новата колекција.
Доколку и вам ви треба малку инспирација која ќе ви помогне да го изберете вашето парче во овој дизајн, ние ви подготвивме четири комбинации со кои никогаш нема да погрешите:
1. Маскирна воена јакна и тексас
Јакните инспирирани од војничкиот стил се враќаат во мода, а колекциите на модните куќи се полни со облека инспирирана од овој дизајн. Војничката јакна е совршено парче облека кое може да се носи во многу пригоди, дури и со елегантни фустани, а идеално се комбинира со тексас фармерки.
2. Комбинација за секој ден
Милитаристичкиот стил на облекување е во тренд веќе неколку сезони, а судејќи по фотографиите на модните блогерки, војничките фармерки се многу посакувано парче. Тие се совршен избор за секој ден, но на работа можете да ги носите и со црно здолниште или бела кошула.
3. Теди војнички капут
Сите вистински љубители на модата знаат дека доброто палто е трајна и исплатлива инвестиција.Овие капути покрај тоа што се удобни се и многу топли, лесни за комбинирање и можат да се најдат во различни дизајни, бои и должини.
4. Воено здолниште
Доколку сакате да бидете во тренд оваа зима и да изгледате модерно, изберете здолниште. И тоа не било кој, туку со војнички дезен и должина до коленото. Кога го носите ова здолниште, не ви треба накит и впечатлива шминка, бидејќи тоа е сосема доволно за да бидете забележани.