Џеј Ло има речиси сè – убавина, харизма, став, одлична кариера и љубов за која сонуваме.
Затоа и е многу помалку важно што на таа листа и недостига стил, бидејќи латино дивата бележи многу повеќе модни неуспеси отколку хитови, следејќи ја модата од 90-тите и 2000-тите, но и стилистот кој одамна требаше да го замени.
И токму кога помисли дека е добра идеја конечно да ги замени нејзините безвременски тесни фармерки со широки фармерки, се покажа дека е широк модел со низок струк – кој освен што е одамна застарен, не е погоден за овој период од годината.
Пејачката на прошетка низ Беверли Хилс облече фармерки на Наташа Зинко во комбинација со краток џемпер и капут во иста боја, како и лежерни патики. Единствениот додаток кој ја подигна комбинацијата е чантата Dior Saddle на нејзиното рамо.
Потсетуваме, таа и Бен Афлек во последно време го воодушевуваат Холивуд со своите совпаѓачки комбинации, а неодамна на црвениот тепих се појавија во уште едно гламурозно издание по повод премиерата на The Tender Bar.