ПОЗНАТИОТ ХОЛИВУДСКИ ЗАВОДНИК ГИ ПОКАЖА МУСКУЛИТЕ! Жените само гледаат и воздивнуваат! (ФОТО)

popara17 декември, 20211min00
Screenshot_9

Американскиот актер Џејсон Момоа го покажал своето извајано тело, но и сурферските способности на една плажа на Хаваи.

 

 

Познатиот Аквамен докажал дека годините се само бројка бидејќи како што гледаме, Џејсон сè уште е во топ форма, а за тоа е заслужен и неговиот план на исхрана.

 

Иако многу негови обожавателки, но и обожаватели претпоставуваат дека Момоа е еден од оние фитнес мажи кои поголемиот дел од своето време го поминуваат во теретана за да изгледаат вака, тоа не е точно.

 

Дури и за потребите на улогите во „Baywatch“, „Game of Thrones“ и во филмот „Aquaman“ кои барале тој да има тело на Аполон, овој американски заводник имал едноставен план на исхрана. Според зборовите на неговиот персонален тренер, Стјуарт Волтон, исхраната на Џејсон вклучувала 3 карактеристики на секој негов оброк: оптимално ниво на нутритивни вредности кои би ја одржувале неговата мускулна маса, баланс во исхраната и најважно – уживање во истата.

„Никогаш не го форсирав Џејсон да јаде нешто што не сака. Напротив, сè што требаше да јаде за да се подготви за своите улоги, тој веќе го практикуваше“, рекол Стјуарт во една прилика.

 

Волтон ја открил и листата на намирници кои Момоа ги консумирал за физички да биде спремен за некоја улога, а тоа се зеленчук и овошје, путер од кикирики, слатки сендвичи со мед, пилешко месо, риба, стек, суплементи и неговото омилено – пиво „Guinness“.

 

Исто така, подготовката за наведените улоги подразбирала и физичка активност, а актерот воглавно практикувал комбинирани тренинзи за сила.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma