Ако сте забележале дека поранешните љубови често ви доаѓаат во соништата, не сте единствените
Според најголемиот интернет пребарувач Гугл, потрагата по терминот „сон и бивши“ е зголемена во последните неколку недели, а прашањето кое најчесто се поставува е „зошто ја сонувам бившата љубов“.
Некои од многуте онлајн книги за соништа нудат одговори: ако сте се сретнале, среќата ќе ви се насмевне; ако спиете со неа или со него, вашите желби ќе се остварат; ако се расправате, ќе се откријат сите тајни итн.
Иако ви се чини дека ја сонувате поранешната љубов затоа што сакате да ви се врати или не сте ја преболеле, психолозите имаат поинакво објаснување.
– Една од причините, под услов оваа љубов да имала позначајно место во вашиот живот, е жал за времето кога сте биле среќни. Ваквите соништа се особено изразени кога сме загрижени или под голем притисок. Потсвеста бара бегство во безбедна зона. А таа носталгија обично не е насочена кон личноста за која сонувате, туку кон себе, а тоа е затоа што ви недостига личноста што сте биле – пишува „Брајтсајд“.