Пејачката мораше да го сподели ова со сите
Пејачката Наташа Беквалац важи за една од најубавите на балканската естрада и каде и да се појави плени со својот изглед.
Познато е дека го носи прекарот Новосадска Барбика, а сега сподели фотографија од тинејџерските денови и докажа дека отсекогаш пленела со убавината.
Имено, таа фотографијата ја објави на Инстаграм, а како што можете да видите, имала малку потемна коса додека не станала една од најпознатите русокоси.
Сепак, иако била многу помлада, не е тешко да се заклучи кој е на фотографијата, бидејќи со годините не се променила многу.
– Морам да ви го покажам ова, јас како тинејџерка. Утрово ми ја испратија сестрите, малку чистеле па ја нашле – напиша Наташа со објавата и стави емотикони кои плачат од смеење.