Остана уште една недела до Божиќ.
И нашите омилени познати личности во последните денови купуваа за своите најблиски, меѓу кои и 46-годишната актерка Анџелина Џоли, која овој пат побара помош од својот син Пакс Тиен.
Пакс ѝ ја носеше чантата на познатата мама, а дуото се обидуваше да ги игнорира папараците кои тргнаа по нивните стапки. Пакс Тиен Џоли-Пит е вториот најстар син на поранешната актерска двојка Анџелина Џоли и Бред Пит, а ретко го гледаме во јавноста. Пакс има 18 години и наводно е многу срамежлив. Затоа медиумското внимание не му одговара.
Роден е во 2003 година во Виетнам како Фам Куанг Санг, а актерите го посвоиле кога имал три години. Откако го посвоија Пакс, Анџелина ги роди близнаците Нокс и Вивиен во јули 2008 година и тука престана зголемувањето на нивното осумчлено семејство.
Додека се уште беа заедно, Бред и Анџелина го посетија Виетнам со нивните деца во ноември 2011 година, што беше прво патување на Пакс во неговата родна земја по посвојувањето.