Дали би носеле вакво нешто? Џемпер од 1600 евра распродаден откако во него се појави Кејт Мидлтон

popara21 декември, 20211min00
331465_profimedia0644696155_ff

Харизматичната војвотка од Кембриџ – Кејт Мидлтон повторно ги маѓепса дамите ширум светот со нејзиниот моден избор за снимањето на Royal Songs кое се одржа во Вестминстерската опатија, а ќе биде специјално емитувано на Бадник.

Кејт избра неодолив кардиган од еминентниот бренд „Miu Miu“, чија цена е 1.350 фунти.

Таа носеше свечен дизајнерски број за време на снимањето на промоцијата за нејзиниот хуманитарен настан, а љубителите на модата кои го забележаа ова шик парче, веднаш побрзаа на официјалната веб-страница на овој бренд за да добијат ист кардиган како оној на Мидлтон.

Неколку дена по објавувањето на снимката, парчето е распродадено во сите големини на сајтовите, вклучувајќи ги „Net-A-Porter“, „Far Fetch“ и „Miu Miu“.

Овој божиќен џемпер – е многу интересен со оглед на светлата, цревна боја, белата јака и уникатната работа – рози.

За бринетите и русокосите оваа нијанса одлично ќе се вклопи, а Кејт често избира црвена боја која ги истакнува нејзините црти на лицето и витката фигура.

Kejt Midlton

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma