Истражувањето открива: Дали висината на мажите навистина им е важна на жените и што претставува бројот 1,09

popara21 декември, 20211min00
visina-2048x1365

Без разлика на овие информации, секогаш водете се од вашето срце при изборот на личност со која ќе бидете во врска

При изборот на партнер ни се важни и неговите физички карактеристики.

Некои луѓе обрнуваат внимание на бојата на очите и косата кај личноста која им се допаѓа, додека други се грижат за висината на партнерот.

Секако, најважно е дали се совпаѓате како личности и дали во него наоѓате се што е важно за успехот на врската.

Верувале или не, истражувањата покажале дека клучот за среќната врска е соодветната разлика во висината меѓу партнерите. Тоа не значи дека изгледот и личноста се помалку важни, но луѓето обрнуваат вниание и на висината на потенцијалниот партнер кога одлучуваат дали да започнат врска со него.

Истражувачите од Универзитетот во Сеул открија дека висината на партнерот е особено важна за дамите. Тие наводно се посреќни доколку се во врска со релативно висок маж. Полскиот антрополог Богуслав Павловски дури тврди дека постои идеален однос помеѓу висината на партнерите во врската.

Едно друго истражување на професорот Павловски покажало дека најидеално е мажот да биде 1,09 пати повисок од својата поубава половина. Тоа значи, на пример, дека жена од 172 сантиметри ќе биде најсреќна во врска со маж од 187 сантиметри.

Професорот Павловски смета дека префенцијата на жените за високи мажи има еволутивна причина. Имено, кај посилниот пол, висината е сигнал за здравје и поголем репродуктивен потенцијал, но и социјален статус.

Секое правило, како и ова, има свои исклучоци. Сепак, не ви препорачуваме да ја измерите разликата во висината помеѓу себе и вашиот потенцијален партнер пред да одлучите дали да му дадете шанса. Совет е секогаш да го слушате своето срце.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma