
Популарната британска ѕвезда Адел на сите им е препознатлива по црниот молив за очи, бујните трепки и контурираното лице. Сепак, пејачката реши да покаже како изгледа без шминка
Адел за прв пат после долго време се појави пред камера без шминка. Во видеото познатата пејачка беше модел.
Во текот на разговорот, Адел ја отворила темата за нејзините веѓи, забележувајќи дека тие се многу светли, па мора постојано да ги бојадисува.
– Ги сакам моите веѓи. Но, ако не ги бојадисувам, личам на Волдеморт – признала пејачката.
– Тие се толку светли, речиси бели! Всушност, научив да ги бојадисувам веѓите за време на пандемијата. Истражував многу, гледав видеа на youtube и нарачав сѐ што ми требаше преку Амазон. Сега тоа го правам сам еднаш неделно – додала пејачката.