
Ако ја сакате музиката и често одите на концерти, сега имате уште една причина да продолжите да го правите тоа.
Концертите ви даваат наплив на енергија и возбуда што можете да ги добиете само од тоа искуство.
Тие исто така ги зближуваат луѓето и создаваат чувство на единство и среќа.
А новите студии утврдиле дека колку почесто одите на концерти, толку подолго ќе живеете.
Според истражувањето на професорот Патрик Фаган, утврдено е дека свирките имаат позитивно влијание врз здравјето, среќата и благосостојбата и водат до подолг животен век.
За дополнително да ја потврди студијата, тој ги тестираше учесниците со тоа што ги натера да извршуваат физички задачи кои вклучуваа присуство на концерти, јога и шетање кучиња.
Учесниците биле подложени на психометриско тестирање и им бил измерен пулсот за да се утврди како секоја активност влијаела врз нив.
Резултатите покажале дека учесниците кои присуствувале на концертите имале 25 отсто поголем степен на чувство на самопочит и блискост со другите, како и 75 отсто зголемена ментална стимулација.
Повеќето од нас би се согласиле дека слушањето музика воопшто, без разлика дали се работи за концерт или песна на радио во автомобил, позитивно влијае на физичкото и менталното здравје.
Затоа, ако мислите дека не излегувате доволно, одете на концерт. Не само што ќе ви го подобри расположението, туку веројатно и ќе живеете подолго.