Мажите речиси едногласни: Еве зошто повеќе ги привлекуваат жени кои се ПОСТАРИ од нив

popara22 декември, 20211min00
676

Не се работи за изгледот

Жените се трудат да се грижат за своето лице и тело, а таа грижа ја засилуваат со текот на годините, со желба да останат вечно млади и да изгледаат негувано.

Исто така, голем дел од нив веруваат дека токму така ќе ги привлечат машките погледи. Сепак, постои голема можност да грешат.

Една британска студија покажа дека речиси 70 отсто од мажите ги сметаат жените кои се позрели и постари од нив за попривлечни.

На прашањето кои квалитети им се допаѓаат кај спротивниот пол, самодовербата била на прво место.

Помладите жени често забележуваат несовршености во нивните лица или во нивното однесување. Додека помладите жени се склони кон самокритика, зрелите жени се сигурни во себе и својот изглед и ги прифаќаат промените на лицето и телото како неизбежни.

Себе си се на прво место

Жените богати со искуство се свесни дека некои работи во животот се навистина важни, додека други се прилично минливи и тривијални. Тие на овој начин го негуваат својот дух, додека не се оптоваруват со промените на телото.

Зрелите жени знаат колку брзо минува животот, па затоа го ценат секој момент. Сакаат да работат на себе и секогаш се одлучуваат за работите во кои ќе уживаат.

Исто така, не се колебаат да научат нешто ново.

Тие се силни

Бројните искуства, разочарувањата и надминатите стравови ги направиле зрелите жени стабилни и силни личности.

Секој предизвик со кој се соочувала ја правел посилна, што ја направи храбра личност, горда на годините и животните искуства.

Самодоверба и самопочит

Зрелата жена секогаш на прво место ќе го стави својот мир, животот според нејзините правила и љубовта кон себе. Самодовербата се стекнува со текот на годините, а зрелата жена која држи до себе едноставно „пука“ од самодоверба.

Секоја жена треба да се слуша себеси, да ги истакне своите силни страни и да работи на надминување на своите слабости. Моќта на здравото самољубие е она што ќе ја направи секоја жена среќна и едноставно величенствена.

Мир

Смирените и урамнотежени жени секогаш изгледаат подобро. Внатрешниот мир едноставно секогаш се покажува на нечие лице, а луѓето кои се помирени со судбината и кои не дозволуваат ниту најтешките животни околности да ги уништат, едноставно се убави.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma