Не очајувајте: Може да се отстранат и најупорните дамки од црвено вино и гуми за џвакање

popara22 декември, 20211min00
Screenshot 2021-12-22 222031

Најтешките дамки се најчестата ситуација со која се среќаваме токму кога облекуваме нова облека, светли парчиња облека или сме на специјална вечера, прослава со друштво или роденден на најдобриот пријател.

Дополнително, се чини дека некои дамки, односно некои состојки се смртоносни за облеката и дека е невозможно да се отстранат, особено кога се работи за црвено вино, дамки од дезодоранси или лепак, а да не зборуваме за гумите за џвакање.

Ви ги пренесуваме совршените, докажани методи за отстранување на дамки. Овие најтешки дамки се отстрануваат со наједноставни средства, без воопшто да сме свесни за тоа. Погледнете ја листата и уште денес применете на вашите обоени парчиња …

Црвено вино – што е можно поскоро исплакнете со ладна вода, или користете избелувач.

Чоколадо – оставете да се исуши, изгребете го чоколадото и грубо извадете го, па измијте во машина.

Дезодоранс – премачкајте ги дамките со течен детергент за перење алишта, за поголеми дамки користете малку средство против ‘рѓа.

Кафе или чај – се мие во машина за миење садови со дополнително нанесување на детергент директно на дамката.

Кечап – премачкајте ги дамките со течен детергент и евентуално избелувач, па измијте. Повторете ја постапката неколку пати доколку е потребно.

Лепак – користете ацетон за отстранување.

Млеко – исплакнете со ладна вода и измијте на вообичаен начин.

Пиво – исплакнете со чиста вода, а потоа измијте на вообичаен начин.

Овошје – исплакнете со ладна вода, премачкајте ги дамките со течен детергент и измијте во машина за перење.

Гума за џвакање – ставете во замрзнувач неколку часа, а потоа откинете ја гумата за џвакање и измијте ја одмрзнатата ткаенина во машината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma