Парчето облека без кое зимата е незамислива: 4 модели на ролка кои секоја жена треба да ги има

popara23 декември, 20211min00
cizme-kaput-rolka-moda-830x0

Зимата како сезона наметнува нови модни трендови, а ролките се парче облека без кое не можат да се замислат студените денови. Одлично оди со здолништа и панталони, а доколку е подолга одлично оди со хеланки во спортска варијанта.

Ако ја вклучите во вашиот гардеробер, сте го решиле проблемот како брзо да го комбинирате она што ќе го облечете за на работа или за попладневна зимска прошетка, а притоа да се чувствувате удобно и топло, што е пресудно за студените денови.

Ви пренесуваме четири модели на ролки кои жената треба да ги има во својот гардеробер.

1. Ролка со весели бои

Во мрачните зимски денови, ова парче облека ќе донесе радост во вашите модни комбинации и ќе направи да се чувствувате подобро. Жолтата е совршен избор, бидејќи одлично оди со кафени и црни панталони или здолништа.

2. Ненадминати класици

Ролна со широка „чамец“ јака, плетена што по желба можете да ја носите како џемпер спуштен преку едното рамо е класика која е секогаш во мода. Светло сивата боја одлично ќе се комбинира со потемни тексас или црни панталони.

3. Ролка со голема јака

Незаменлив модел во гардеробата на дамите кои имаат стил е џемпер-ролка со голема јака. Во неа ќе изгледате гламурозно.

4. Долга ролка

Овој двобоен модел е секогаш добар за комбинирање со хеланки. Топла и удобна ролка е вистинскиот избор за студените зимски денови и за излегување на снег.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma