Главоболките предизвикуваат чувство на притисок и болка и понекогаш може да се појават со симптоми на настинка и грип.
За среќа, постојат чаеви кои можат да помогнат во ублажување на симптомите на главоболка и мигрена – а многу е веројатно дека моментално дома го имате најмоќниот лек против ова „пореметување“.
Чај од каранфилче
Каранфилчето е познато по своите својства за ублажување на болката. Чајот од каранфилче може да помогне да се намали воспалението и да се подобри циркулацијата на крвта.
Но, пред да почнете да го пиете овој чај, проверете кај вашиот лекар дали може да предизвика несакани ефекти преку интеракција со другите лекови што ги користите!
Потребни ви се: 2 или три сночиња, 2,5 dl вода
Подготовка:
Каранфилчето прелијте го со 2,5 дл зовриена вода, покријте го и оставете да отстои околу 15 минути. Потоа се цеди во стаклено шише.
Овој чај се препорачува да се пие два до три пати на ден.